Доналд Унгер додека бил дете, често бил предупредуван од мајката и тетките дека не треба да ги пука прстите, бидејќи ќе добие артритис.
За да докаже дека не се во право Унгер извел експеримент долг половина век, пукајќи ги зглобовите на прстите на левата рака, два пати секој ден, додека на десната не допирал ништоо, пишува “Popular science”.
Педесет години подоцна, Унгер ги проверил своите раце и не пронашол артритис на ниту едната, како ни било каква разлика.
-Оваа прелиминарна истрага наведува на заклучок дека не постои корелација на пукањето на прстите со развој на артритис на нив – напишал тој во 1998 година.
Иста таква студија водел и Кевин ДеВебер, лекар на спортска и семејна медицина, во медицинскиот центар PeaceHealth Southwest во Вакувер.
-Цел живот ги пукам прстите, Откако станав научник и добив работа со која добив положба да можам да правам истражувања, го сторив тоа – рекол тој.
Истражувањата од неговите раце покажале дека кај него не се развил арстритис ништо повеќе од оние луѓе кои ги пукаат прстите.
Пукањето на прстите може да им биде иритантен на оние коои не го прават тоа, па измислиле приказна со која ќе ги предупредуваат луѓето да не пукаат, рекол тој.