Голем број музички имиња ќе настапат на хуманитарниот настан за доизградба на манастирот Св. Атанасие во населеното место Ропотово, општина Долнени.
Манастирот започна да се гради во октомври 2016 година, кога беа осветени темелите.
Хуманитарниот концерт ќе се одржи на 17.06.2019 (понеделник), со почеток од 18:00 часот, во О.У. “Ѓорче Петров” во Ропотово.
Ќе настапат: Јордан Митев, Група Маестрал, Ирена Спасовска, Оливер Лозаноски, Снеже Радичевска, Дамјан Стојаноски, Сања Ристеска, Спасен Сиљаноски и Далибор Ѓошиќ.