Трката за новиот состав на Бундестагот е во самиот финиш, а избирачките места беа отворени точно во 8 часот утрово.
Својот глас го дадоа и водечките кандидати за канцелар – Олаф Шолц (СПД) и Армин Лашет (ЦДУ).
Составот на Бундестагот содржи 709 пратеници, иако според Статутот би требало да има само 598. Бројот на пратеници се зголемува од избори до избори, а само на последните избори пред четири години, Бундестагот доби нови 78 членови.