Цела англиска јавност гневна на Немања Матиќ, а тој ладно им одговори: Ми ја бомбардиравте земјата, нема шанси да го носам ова. Ако треба, подготвен сум веднаш да го напуштам тимот и Англија

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Немања Матиќ, требаше да оддаде почит на загинатите англиски војници во првата светска војна, но одби да го направи тоа.

Репрезентативецот на Србија на вчерашниот дуел на Манчестер јунајтед и Борнмут (2-1) немаше цвет на градите, со кој традиционално се оддава почит.

Овој потег на Србинот налути многумина во Англија, додека во клубот беа изненадени со тоа.

Српските медиуми пишуваат дека Матиќ пред дуелот одбил да му го залепат цветот на дресот и објаснил зошто не сака да го носи.

„Ми ја бомбардиравте земјата, нема шанси да го носам ова. Ако треба, подготвен сум веднаш да го напуштам тимот и Англија“, кажал Матиќ.

Но, на теренот се појавил без цветот, кој инаку не е задолжително да се носи, па Фудбалскиот сојуз не ги казнува фудбалерите за тоа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.