Една од најгледаните телевизиски серии во регионот, „Сенки над Балкан“, во која важни улоги толкуваат и македонски актери, ќе биде достапна за гледање на глобалната мрежа „Амазон прајм“.
Како што јавува „Н1“, после долги преговори серијата конечно ќе се најде на глобалната сцена и со тоа станува и прва српска ТВ-серија која ќе биде достапна на светска платформа.
„Ова е важен настан, не само за нас кои работевме на „Сенките…“, туку и за домашната кинематографија и телевизија. Преговорите се водеа речиси две години, но успеавме да убедиме една од најважните онлајн-платформи да ја откупи серијата. „Амазон прајм“ станува сериозна конкуренција и за „Нетфликс“.
ТВ-серијата „Сенки над Балканот“ е историски трилер со дејствија кои што се одвиваат на почетокот на 20 век, главно во Белград, и опфаќа дел од историско-политичките случувања од тој период во Македонија.