Македонскиот второлигаш Осогово од Втората лига – Исток, сезонава како и прилепска Победа имаше бледо издание и се наоѓа на претпоследната позиција од табелата.
Но, ФФМ донесе одлука дека натпреварите од подолните лиги нема да продолжат и нема да има испаѓање, па Осогово и в година ќе игра во истиот фудбалски ранг.
Твитер профилот на клубот е еден од најпознатите, па пред неколку дена од клубот објавија фотографии на кои се гледа деке теренот се ора.
Иако многу медиуми пренесоа дека клубот очекувал да испадне еден ранг подолу, па затоа го изорале теренот, сепак од Осогово објаснија за што станува збор.
“Не не за компир, пипер и домат… Помошниот терен на нашиот стадион ќе добие нова трева и нов лик по што квалитетот на главниот терен ќе се чува за натпревари”, напишаа од клубот од Кочани.
Не не за компир, пипер и домат… Помошниот терен на нашиот стадион ќе добие нова трева и нов лик по што квалитетот на главниот терен ќе се чува за натпревари.#AvantiOsogovo?? pic.twitter.com/ytwd1bfi6F
— GFK Osogovo (at ?) (@gfkosogovo) May 31, 2020
Шегата стигна до многу регионални медиуми меѓу кои РТС, B92, Večernji list и други.