Цел Прилеп се смее на оваа изјава од министерот

Министерот Спасовски не убедува дека МВР се справува со нелегална сеча на шуми.

-Сега започнавме и со надзор практично на шумските предели со Одделот за воздухопловни единици. Заедно со специјалните полициски единици тие се движат на потенцијални места каде имаме дојави дека има опустошување шума и директно ги затекнуваме и фаќаме на лице место. Имавме неколку акции во Скопје, Струга… Тоа е еден модус операнди на којшто работат полициските службеници, да можеме на моменти каде што тие се наоѓаат, на местата каде вршат нелегална сеча – на лице место се затекнуваат и тука практично ги обезбедуваме сите докази за ова кривично дело. Ова е врвен приоритет на МВР. Секако дека ваквите летови се добри и за набљудување на државната граница, за процесот на миграција, работењето на граничните служби – сето тоа е во функција на подобрување на безбедносната состојба, истакна министерот Спасовски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.