Цвеќара од Прилеп за Свети Валентин остана и без пари и без цвеќе

Педесет и две годишна сопственичка на цвеќарница во Прилеп, вчера, на Свети Трифун и на Свети Валентин, во прилепската полиција пријавила дека е измамена за аранжмани со цвеќе и за 14 500 денари.


Имено, како што соопштуваат од СВР Битола, на сопственичката на прилепската цвеќарница некое лице, телефонски ѝ порачало неколку цветни аранжмани, кои, наводно, ќе бидат платени откако ќе бидат однесени со такси возило на одредена локација во Битола.

Како што пријавила 52 годишната прилепчанка, лицето дополнително побарало од неа на таксистот да му даде 14.500 денари кои подоцна ќе ѝ бидат вратени. Таа постапила според договореното, но парите не ѝ биле вратени, по што сфатила дека е измамена.

Полицијата презела мерки да се расчисти случајот




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.