Хуманоста и општествената одговорност на дело! Сопствениците на ресторанот Beer ti & ja, донираа машина за перење во прилепската болница (ФОТО)

Сопствениците на еден од најдобрите ресторани во Прилеп, ресторанот BEER TI & JA, денеска донираа машина за перење и хигиенски средства, за потребите на Одделението за максилофацијална хирургија – уво, нос и грло, во прилепската болница “Борка Талески”.

Нека овој гест на Мартина и Благојче Кочоски, биде поттик за останатите стопанственици во нашиот град, редовно да помагаат онаму каде што е најпотребно, а во интерес на сите граѓани.

Општествената одговорност и хуманите вредности, се нешто што остава траен белег во нашето општество, значи љубов, значи благодарност кон оние од кои зависи работењето и успешноста на фирмите, фабриките, рестораните…. а тоа се граѓаните.

Секоја чест!

На влезот во Прилеп се наоѓа најмераклиското место: Еве зошто ресторан “Beer ti & ja” стана главна дестинација за сите гурмани и боеми (ФОТО ГАЛЕРИЈА)




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.