Денес “Детската Амбасада за Сите Деца во Светот” го реализираше традицоналниот Проект „Од децата за децата“, кој што е во координација со седумте Основни Општински Училишта од Прилеп, но и во соработка со Центарот за Социјална Работа од Прилеп.
Целта е да се разбуди духот на јасен придонес на секој ученик во градењето на хуманистичкото општество. При тоа децата донираа средства (пари, храна, облека, играчка или материјал за лична хигиена) за деца, но и за возрасни. При секоја донација учениците напишаа и своја порака за овие деца по повод престојните Велигденски празници, со надеж дека ќе придонесат достојно да се поминат истите.
Донациите лично му беа предадени во просториите на Детската Амбасада на шест семејства од страна на Извршниот Директор, г-ѓа Александра Северкоска Стојаноски и децата координатори. Детската Амбасада во соработка со Центарот за Социјални Работи од Општина Прилеп ги избира семејствата на кои им се додели донацијата.
– На оваа средба се разговараше и за неопходните потреби за семејствата, во кои би можеле и ние да дадеме свој придонес, а бидејќи некои од дечината изјавија желба за учење на странски јазици, Детската Амбасада на следниот состанок ќе ја разгледа оваа желба и ќе придонеси дечињата да бидат вклучени во работилниците на Детскиот Едукативен Центар „4ти Јули“.
Во овај проект покрај донациите од Основните Општински Училишта, го помогнаа и пријателите на децата, Дисконт за маслинки „Иво“ од Прилеп и Живинарска фарма „Јоки комерц“ од Долнени.
“Детската Амбасада за Сите Деца во Светот” на сите православни христијани им ги честита Велигденските празници, ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ-НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!