Хуманитарна забава за малиот Марко од Прилеп – малото ангелче кое боледува од еден од најретките синдроми во светот

Oрганизацијата “Дрим Тим – Од Деца За Деца” повторно организира хуманитарна забава, каде ќе ве пречека со добра музика со LOCKDOWN и THE DREAMERS и топол амбиент во “Кафе Пауза” на 18.11.2023 година, со почеток во 20:30 часот.

Собраните средства од забавата ќе бидат наменети за 2-годишниот Марко од Прилеп, кој боледува од Ангелман синдром – еден од најретките во светот.

Малиот Марко се уште не оди и не зборува, а често се соочува и со бубрежни инфекции, за што досега му се извршени 4 хирушки интервенции. Неговите родители надеж гледаат во третманите со матични клетки во Турција. За Марко се потребни 3 третмани, а еден чини 19.000 евра, средства кои семејството не е во можност сами да ги обезбедат.

Дојдете, забавувајте се и донирајте за Марко!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.