На 07.12.2016 година со почеток во 21:00 часот во кафе,, Вирус “ во организација на Младинската организација на СОУ ,, Ристе Ристески- Ричко “ – Прилеп беше организирана хуманитарна забава по повод 3 – ти Декември Светскиот “Ден на лицата со посебни потреби”.
Средствата собрани од забавата се наменети за Здружението за лица со епилепсија и родители на деца со епилепсија во РМ ,,Епилепсија Македонија” . На забавата настапија нашиот прилепски бенд,, The Hounds” и DJ David Kay , кои се вклучија и го поддржаа овој настан. СОУ ,, Ристе Ристески- Ричко “ и Младинската Организација и во иднина ќе продолжат да организираат хуманитарни настани.