Хуман гест за почит! Новинарите од “Сител” заедно со Отец Оливер израдуваа десет семејства (Видео)

Новинарите на “СИТЕЛ TВ”, Марјан Николовски и Александар Спасовски, парите кои ги заработија во преновогодишните изданија на квизот “Се или нешто”, ги донираа во хуманитарната организација “Св. Спас”, со која раководи Отец Оливер.

Со парите се купиле 7 електрични шпорети, 2 машини за перење и еден фрижидер, а овие куќни апарати донесоа радост во 10 семејства на кои им се најпотребни.

Марјан и Александар заедно со Отец Оливер им ги однесоа апаратите на семејствата, и со тоа колку толку успеаја да им го олеснат нивното секојдневие.

Инаку, хуманитарната организација “Св. Спас” е една од најголемите во Македонија, и досега има помогнато на голем број семејства.

Целта на оваа хуманитарна организација е да им помогнат на загрозените семејства и граѓани да застанат на нозе преку вработување.

Отец Оливер вели дека се трудат да помагаат секаде, а во 2019 година дури и изградиле куќа од темел.

“Додека успееме да ги вработиме, им помагаме со храна, со реновирање, со изградба на куќа. Во Кучкарево во 2019 година изградивме од темел цела куќа”, вели за “Сител” Отец Оливер.

Активностите на хуманитарната организација “Св Спас” можете да ги следите ТУКА. Бидете хумани, понудете помош, дарувајте и помагајте!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.