Грчката ЕРТ објави детали за апсењето на петмина Хрвати кои се обиделе со брод да ја напуштат територијата на Грција.
При контролата се претставиле како туристи, но со оглед на тоа што во земјата биле само два дена, а немале куфери или лични работи, полицијата се посомневала и ги привела, јавуваат грчките медиуми.
Да потсетиме, дуелот во Атина беше одложен поради навивачкиот конфликт што се случи во понеделникот вечерта во главниот град на Грција, во кој животот го загуби 29-годишен навивач на АЕК.
Одложениот натпревар од третото квалификациско коло за Лига на шампиони меѓу грчки АЕК и Динамо Загреб ќе се одигра на 19 август во Атина, одлучено е со договор меѓу клубовите и Европската фудбалска унија (УЕФА).