Двајца Хрвати трганле да ловат риба, го запалиле „автопилотот“ па заспале.
Завршиле во Италија како бродоломци, а сега и полицијата ги претресува и испитува да несе занимаваат со нешто нелегално.
„Го отворив кафичот во 7 часот и видов како двајца мажи излегуваат од морето. Рекоа дека преживеале бродолом“ раскажал италиански сопственик на кафуле до крајбрежјето.
Сакал да им помогне , но настанал хаос бидејќи не знаеле ни англиски ни италијански.
„Сватив дека се Хрвати и дека сакаат да повикам полиција. Прашав дали има уште неколј во морето, но ми објаснија дека се сами и дека пловеле во рибарски брод кој потонал“раскажал тој.
Истата приказна им ја раскажале и на полицијата, еден од нив има 29 години, а другиот 30, пливале цели три часа држеји се за пловка која успеале да ја земат од бродот. Бродот потонал на околу 3 километри од брегот, откако удрил во карпа.
На пат кон „Мали Лошиња“ па сакале да одморат и го вклучиле автоматското возење, но не сметале на тоа дека ќе заспијат цврсто, па ги разбудил тап удар во карпа и бродот веднаш почнал да тоне , а тие скокнале во морето и пливале до брегот.
Италијанските власти разговарале со хрватските, но потпаролот не можел точно да каже кога двајцата Храти ќе бидат вратени дома.
Утринава нуркачите успеале да го извлечат бродот од дното и да спречат да истече нафта во морето и да доведе до еколошко загадување, но допрва ќе се испитува дали се работи за рибари и рибарски брод или нешто друго.