Храмот Св. Петка во Прилеп прекрасно украсен и претесен да ги собере сите верници за Божик (Фото галерија)

Празнично украсениот храм, посветен на св.преп.мчца. Параскева (Петка) Римјанка во населбата Точила во Прилеп, беше претесен да ги собере сите верници кои сакаа да присуствуваат на торжествената Божествена Литургија, на која учество зедоа членови на хоровите „Св. Петка“ и „Св. Благовештение“, како и членовите на единствениот детски црковен хор во Македонија, „Св. Петка“.

Тие придонесоа за торжественоста богослужението по повод денешниот голем христијански празник Рождество Христово – Божик.

На крајот од Светата Литургија, повеќе од стотина верници и мноштво деца, се причестија со телото и крвта Христови!

За многу години! Христос се роди!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.