Храброста наградена со знаење: Универзитет Скопје со ваучер од 8.000 евра за фаќачот на светиот крст во Охрид

Во духот на големиот христијански празник Богојавление – Водици, кога верата, традицијата и храброста се спојуваат во едно, Универзитет Скопје испраќа силна порака за поддршка на младите и нивната иднина.

Препознавајќи ја посветеноста кон духовните вредности и почитта кон вековната традиција, Универзитет Скопје, заедно со пратеничката м-р Емилија Ангелова, на Мартин Гоџо од Варош, кој по трет пат прв стигна до светиот крст во осветените води на Охридското Езеро, му доделија вреден ваучер.

Како знак на поддршка и признание за неговата храброст, посветеност и почит кон традицијата, Универзитет Скопје му доделува ваучер за студирање во вредност од 8.000 евра.

-Оваа поддршка претставува инвестиција во младите, образованието и иднината, поврзувајќи ги духовните вредности со академскиот напредок. Универзитет Скопје останува посветен на промовирање на знаењето, традицијата и општествената одговорност, честитајќи му на Мартин Гоџо и посакувајќи му здравје, успех и светла академска иднина, стои во соопштението од УТМС.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.