Пелагониското женско ракометно дерби донесе возбудлив меч, со многу акција и борба до последните секунди од мечот.
Прилепчанки беа поразени на домашен терен од Пелистер со резултат 19:20 (8:9 на полувремето).
Најдобро издание кај домашниот тим имаа голманот Сара Богоеска со 8 одбрани, а најдобар стрелец беше Бојана Јованоска со 5 постигнати голови.
Она што е позитивно е дека, екипата на ЖРК Прилеп го има потребниот капацитет и покажува одлична игра, што со сигурност ќе напредува од меч во меч и ќе го даде потребниот резултат.
Наредното коло прилепчанки повторно играат на домашен терен, во Прилеп гостува екипата на ЖРК Гевгелија.