Хоспитализиран во болница заврши и претседателот на Комисијата за зapaзни болecти Жарко Караџовски, објавува Алсат-М.
Од Клиниката за зapaзни болecти во Скопје потврдуваат дека докторот заедно со неговата сопруга се во добра здравствена состојба и се лекуваат само со лекови, без потреба од кислородна терапија.
Караџовски, кој е позитивен на Koвид-19 и самиот претходно потврди дека има и други здравствени проблеми, но не се повлече на чело на комисијата уште од почетокот на пандемиjaта.
Клиниката за зapaзни болecти е полна, но модуларната болница во нејзиниот двор е затворена, а пациентите се дисперзирани на интерните клиники поради намалениот број на лица кои имаат потреба од хоспитализација. Но, најновите информации зборуваат и за друга причина.