Некои луѓе се раѓаат со чувство за мода и стил, а астролозите сметаат дека тоа им е запишано во хороскопот.
Астролозите издвојуваат три знаци на Зодијакот на кои модата им е во крвта. Тие даваат најдобри модни совети, а често имаат работа или хоби кое е поврзано со мода.
Бик
Личностите родени во знакот Бик се на прво место кога станува збор за модата. Кога ќе влезат во просторијата, зрачат со сексапил и на нив облеката им прилега совршено. Со задоволство ќе им дозволите да ви бидат стилисти, со оглед на тоа дека имаат добар вкус за модата.
Близнаци
Близнаците се познати по својот елегантен стил. Нивниот труд во комбинирањето облека не може никој да го замени. Со многу внимание ги бираат модните додатоци, а од дома никогаш не излегуваат несредени. Близнаците секогаш се во чекор со најновите модни трендови.
Водолија
Водолијата е елеганција во движење. Секогаш купуваат безвременска облека, а од нea можат да направат сè што ќе посакаат. Водолиите знаат како да го уредат просторот, знаат во што треба да вложат, а што да одбегнуваат. Прашајте ги, ќе ви објаснат сè.