Хорор во прилепско: Ја тепал и силувал невенчаната сопруга на братот

Триесет годишниот С.С. од едно прилепско село ноќта во понеделникот кон вторникот ја силувал невенчаната сопруга на неговиот брат.

 

siluvanje-1-640x427

Хоророт на жената започнал откако С.С. земал автомобил „Голф 4“ од соселанец и отишол во плевната каде се наоѓале неговиот брат Ш.С. (50) и жената Л.К. (52). Во еден момент Ш.С. заминал во куќата на третиот брат С.С., а напаѓачот го искористил моментот додека Л.К. била сама и физички ја нападнал.

Од полицијата информираат дека следувал насилно внесување во автомобилот по што заминале во правец кон Велес. За време на возењето С.С. постојано ја удирал жената, а кога возилото останало дефект тој излегол, продолжил со ударите и ја силувал на предното седиште.

-Отишле во некој објект на приватна фирма каде С.С. побарал телефон да му се јави на братот. Откако разговарал со него си заминал, а Л.К. останала во објектот, велат од полицијата.

Кога Ш.С. дошол на местото, жената се му раскажала по што случајот го пријавиле во полицијата која сега трага по С.С.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.