Хорор во Битола: Пиеле заедно цела ноќ, утрината го нашле мртов

Од Итна медицинска помош Битола вчера утрината било пријавено дека во Битола на ул. „Свети Наум“, во станот сопственост на Н.Г. (48), починал З.М.(45) од Австралија.

 

policija-4-640x427

Имено, на 20.11.2016 година околу 16 часот, починатиот заедно со лицето Ж.Г.(64) од Битола пристигнале во станот на Н.Г., каде бил и М.Х. (58) од Битола. Истите кратко време седеле и пиеле, по што Ж.Г. си заминал, а по него заминал и сега починатиот. По околу час и половина, З.М. се вратил во станот, каде продолжиле да пијат се до околу 2 часот на 21.11.2016 година. Околу 2.30 часот З.М. повторно го напуштил станот и се вратил околу 4 часот и легнал да спие. Во 7 часот, Н.Г. заедно со М.Х. се обиделе да го разбудат З.М. но не успеале. Истите повикале итна медицинска помош, која констатирала смрт, информираат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.