ХОРОР ВО БИТОЛА: Нашол три деца на лулашки и ги силувал

pedofilija12

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Л.(60) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “полов напад на дете кое не наполнило 14 години”.

-Пријавениот во два наврати во октомври годинава со неговото патничко возило ги зел трите малолетни деца, две сестри и нивната малолетна другарка, кои се наоѓале кај лулашки во Градскиот парк, истиот ги викнал и ги однел надвор од градот во околно битолско село каде врз сите три извршил друго полово дејствие, информираат од полицијата.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.