Коњ или автомобил? Ни едното, ни другото, туку белоруски „коњомобил“.
Во срцето на Белорусија, во едно мало село, Алексеј Усиков уште од мал сакал да собира стари работи. Неговиот најнови изум е „коњомобил“ – преработен модел од старо ауди 80, од кој е изваден моторот, а кој го влече неговиот коњ.
Усиков го користи да се превезе до својата нива, а неговите сограѓани го фалат за кративноста и посветеноста.