Видеото од општиот хаос кој избувнал една свадба во Замбија стана вистински хит на социјалните мрежи.
Имено, според локалните медиуми, мажот и рекол на сопругата дека мора да замине надвор од градот поради службеното патување, а всушност тој отишол во црква да се ожени со друга жена.
Сепак, она на што Абрахам Мујунда, татко на три деца, не сметаше е дека неговата сопруга ќе се појави на свадбата во црквата и ќе ја прекине церемонијата.
– Оваа свадба не смее да продолжи, овој човек тука е мојот сопруг – рече таа додека одеше кон младоженецот и невестата.
Не е познато понатаму што се случило со нивниот брак, но може да бидеме сигурни дека не му се пишува добро на младоженецот.