Хилари Клинтон го тепала поранешниот американски претседател?

hilari-klintonukm67i67i67

Бил Клинтот трпел семејното насилство, односно тепањето на Хилари уште од времето кога бил гувернер на Арканзас, тврдат неколку автори на книги за овој политички пар.

Бил и Хилари се запознале за време на студирањето на Јејл и се венчале во 1975-та година.

Во книгата „Бил и Хилари: Значи тоа е она што го викаат љубов“, Дарвин Портер и Денфорт Принс тврдат дека Хилари Клинтон има долга историја на насилно однесување поради Бил. Хилари го тепаше Бил, го удираше со цврсти предмети, го гребеше и поради нејзе тој често крвареше“, пишува Стоун, контроверзна личност која што неодамна се повлече од кампањата на Доналд Трамп за сега да започне да објавува трачеви кои со години ги следат Хилари и Бил Клинтон.

Полицаецот кој му бил обезбедување на Бил додека бил гувернер, тврди дека видел и полоши работи. Еднаш Хилари се разбудила доцна навечер и кога видела дека нејзиниот маж не е дома, му се јавила на полицаецот и побарала да го врати дома. Го чекала, а кога Бил влегол во нивниот дом, се слушнал звук на кршење на стакло и силно трескање на врата.

„Кога сето тоа заврши, вработените пронајдоа скршено стакло, чинии и уништена врата од кујнските елементи“, пишува Крис Андерсон во книгата „Американска Евита: Патот на Хилари Клинтон кон моќта“. Андерсон пишува дека Хилари знаела да го напаѓа Бил во лимузина за време на официјалните средби. Фрлала по него со се што ќе ѝ се најде на патот, а потоа кога ќе стигнеле, глумеле дека се е во ред.

-Хилари фрлаше со книги и пепелници на претседателот и секогаш знаеше да го погоди. Хилари му удираше шлаканици и тоа доволно силни за на неговото лице да останат траги од прсти кои тајните агенти јасно ги гледаа кога тој ќе излезеше, пишува Андерсон.

И покрај таквиот однос, Хилари и Бил пред очите на јавноста цврсто се држат заедно. Бил сега цврсто ја поддржува својата сопруга на патот кон Овалната соба во која што тој престојуваше во два мандати. Во неодамнешниот говор за поддршка на демократската конвенција, Бил Клинтон порача дека Хилари е „најдобриот креатор на промени“ кој го сретнал некогаш во неговиот живот.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.