Ако тоа e вистина, нова линија за разграничување ќе биде фиксирана долж реката Днепар и понатаму по линијата на фронтот, т.е. на Русија ќе и остане копнениот коридор до Крим.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во своето обраќање во петокот вечерта спомена дека Русија разговара со други земји за подготвеноста за преговори, пишува украинска страна.
Порталот наведува дека неодамна се појавија гласини дека САД и Русија преговараат за прекин на огнот во Украина во замена за повлекување на руските војници од десниот брег на Днепар. Нема официјални потврди дека вакви преговори воопшто се водат, но шпекулациите особено се засилија во последниве неколку дена.
Од друга страна шефот на американската национална безбедност Џејк Саливан вели: „САД одбиваат да преговараат со Руската Федерација за условите под кои ќе ги задржат окупираните делови на Украина. Самите услови под кои Русите во принцип се подготвени да водат дијалог се неприфатливи, бидејќи сите разговори треба да започнат со целосна деокупација на Украина“.