Еден руски војник загинал во бомбашки напад во Сирија кога се обидел да запре автомобил бомба на Исламска држава во провинцијата Хомс.
Мета на нападот бил центарот за дистрибуција на хуманитарна помош, објавува руското министерство за одбрана.
“Наредникот Андреј Тимошенков го следел хуманитарниот конвој на Рускиот центар за помирување кога се случил нападот. Тој отворил оган со цел да го запред автомобилот, меѓутоа самоубиецот успеал да го активира експлозивот”.
Руските лекари речиси 24 часа се бореле за неговиот живот во руската база во Латакија, за жал без успех.
Наредникот Тимошенков е постхумно одлукуван.
Според извештајот на руското министерство за одбрана Тимошенков бил припадник на морнарска пешадија.
A.Г.