Бранко Вигњевиќ од Белград се шетал покрај Земунскиот кеј која здогледал куче кое беспомошно трчало по мразот. Кучето во еден момент се оддалечило од брегот, а потоа паднало во Дунав.
Неколку храбри луѓе со помош на јаже тргнале да го спасат кучето. Еден од спаусувачите влегол во водата и успеал да го дофати кучето и да го извади надвор од водата.
Откако кучето Медо било спасено, другите спасувачи му помогнале на нивниот другар Тоза да излезе на брегот.
Бранко сето тоа го фотографирал и го објавил на Фејсбук.
Секоја чест за спасувачите, а особено на храбриот Тоза кој влегол во водите на замрзнатата река.
Ф.Г.