Херитиџ од Вашингтон: Пад на интегритетот на влaдaта на Заев пopaди kopупцијата и пад на економските cлoбoди

Економските состојби и слободи во Македонија се влошуваат, консттира американската фондација Херитиџ од Вашингтон.

Падот во одредени сегменти е сериозно загрижувачки бидејќи тоа се сегменти кои директно влијаат на економските перформанси на компаниите и нивните извозни можности.

Пад во сегментот на Владин интегритет од -2.7 поени, со ова се потврдува големото ниво на корупција кое владее во Македонија и придонесува кон влошувањето на политичката состојба и перцепцијата за немање владеење на правото. Пад во сегментот на Владиното трошење поради лошите перформанси на Буџетот од -0.3 поени.

Со ова се потврдува дека владата незнае како соодветно и успешно да ги троши народните пари, туку едноставно се расфрла на непродуктивни трошења. Пад во сегментот на Бизнис слобода од -2.7 поени со кое се докажува влошената состојба на приватниот сектор во Македонија и отежнатите услови за водење на бизнис.

Пад во сегментот слобода на трговија од -5.8 поени со кој се потврдува лошата состојба на извозните капацитети на македонската економија. Падот во 2019 од 2018 година е за -0.2 поени.

Позицијата останува непроменета на 33 место, но со влошени економски индикатори во повеќе области.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.