Хемичарите од ООУ “Гоце Делчев” со грст награди од манифестацијата “Ноември месец на науката” (ФОТО)

Не престануваат да се нижат успесите на хемичарите од ООУ “Гоце Делчев”. На овогодинешната манифестација “Ноември месец на науката” која има цел за популаризација на природните науки, како и секоја година учествуваа и учениците од ООУ “Гоце Делчев”.

На научната манифестација, учениците се натпреваруваат во изработка на демонстрации и експерименти. На 10.11 успешно претставување имаа учениците од Vг одд. кои се натпреваруваа во категоријата “Природни науки за петто одделение”.

Емили Иваноска, Софија Димитриеска и Михаил Ѓорѓиески се наградени со втора награда.

На 17.11 во многу жестока конкуренција се натпреваруваа хемичарите од VIII и IX одделение и освоја вкупно пет награди.

Прва награда освои Елена Пиловска, втора награда Катерина Ѓорѓиоска и Марија Макреска, трета награда Матеа Манџикоска и Андреа Димеска.

“Задоволна сум од постигнатиот успех. Работевме посветено и со многу љубов, мотивирани да успееме да се пласираме меѓу првите најдобри на манифестацијата”, вели наставничката Кети Иваноска.

Младите хемичари во понеделникот на 12.11 гостуваа во емисијата “Ѕвон” која се емитува на МТВ1 каде што зборуваа за своите подготовки како и успесите постигнати на натпреварите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.