Државниот натпревар по хемија за ученици од основното образование оваа година се одржа на 27 мај, на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
После селекцијата на општинските и регионалните натпревари најуспешните во жестока конкуренција ги одмерија “силите” на Државниот натпревар.
Ученикот Георги Николоски од IX одделение со 100% точност на одговорите на тестот го освои ПРВОТО место.
Емили Иваноска втора награда, а Теодора Крстеска трета награда, двете ученички во VIII одделение.
Низ целиот овој процес ги водеше нивниот ментор м-р Кети Иваноска.
-Работиме континуирано и пред се со многу љубов. Ги прошируваме знаењата излегувајќи од рамките на наставната програма. Тоа е и причината зошто хемичарите од нашето училиште секоја година се наоѓаат на врвот на ранг листите – истакна Иваноска.