Чудна случка за новогодишните празници го потресе светот. Дедо Мраз кој испил малку повеќе со секира му се заканувал на соседот, па затоа сега Новата Година ќе ја дочека зад решетки.
Настанот се случил во Полска, каде полицијата добила повик од семејството ноќе дека некој прави бучава пред нивната куќа. Кога полицајците пристигнале, затекнале пред куќата маж со секира. Му рекле да ја фрли секирата, но бидејќи одбил, морале да го совладаат и да го уапсат.
53-годишениот Дедо Мраз има богато полициско досие.