Хан: Пристапните преговори ќе траат подолго од претходно – Maкедонија ќе чека долго!?

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан, во интервју за австрискиот дневен весник „Тиролер тагесцајтунг“ изјави дека пристапните преговори во иднина ќе траат подолго од претходно.

– Квалитетот пред брзината, посочи Хан, додавајќи оти членството на Унгарија и на Романија „многу нешта покажале“.

– Процесите кои ги поттикнуваме на Западен Балкан би требало да добијат многу поголемо ниво неповратност кога станува збор за воспоставување на владеење на правото и борба против корупцијата, наведе Хан.

Извор: “Република”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.