Хабитат Македонија и општина Прилеп потпишаа меморандум за соработка

IMG_0111

Хабитат Македонија го спроведуваат проектот „Воспоставување на Регистар на станбени згради и станови и Регистар на управители на станбени згради за секторот домување во Македонија“. По тој повод, Хабитат Македонија и општина Прилеп потпишаа Mеморандум за соработка каде е нагласен заедничкиот интерес за воспоставување Регистар на станбени згради и Регистар на управители на станбени згради како и да обезбедат совети во подобрување на квалитетот на  домувањето во колективни станбени згради.

IMG_0113

IMG_0089

Проектот претставува тригодишна иницијатива за подигнување на јавната свест за квалитетно домување во колективни станбени згради, значењето на енергетската ефикасност и управувањето со колективните станбени згради во Република Македонија.

Во рамките на овој проект се предвидуваат активности за поддршка на општините за формирање на Регистар на станбени згради и станови и Регистар на управители, согласно член 112, став 2 од Законот за домување.

IMG_0138

IMG_0127

IMG_0135




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.