Фуриозен старт на ППК Младост 96 во втората полусезона: Битката за титулата ќе биде во Прилеп

ППК Младост 96 на најдобар начин ја започна пролетната половина од сезоната 2019/20 во Супер лигата. Со две убедливи победи со максимален учинок, испратија порака до градскиот ривап Младост дека битката за шампоин во пинг понгарското првенство допрва почнува.

Ривалот Младост по десет одиграни кола сеуште има максимален учинок и во досегашниот тек на лига првенството, играчите на Младост сеуште не ја почуствувувале горчината на поразот.

Убедливите игри во двата натпревари, се потврда за формата на играчите на Младост 96, кои претходно имаа припреми во соседна Србија со екипата на Железничар од Ниш.

Она што не беше според предвиденото, е недоаѓањето на српскиот репрезентативец Костадиновиќ, кој неочекувано не се појави во екипата.

Од Шведска за натпреварите пристигна новиот играч на клубот Рустемовски.

Наредна недела Младост96 игра со Вардар и Шампиони ФА.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.