“Фудбалскиот свет се мајтапи со нашата одлука да се преименуваме и обезличиме??”

Maкедонските навивачи денеска во голем број пристигнаа во Љубљана каде ја бодрат нашата фудбалска репрезентација. Со транспаренти “Никогаш Северна” и со македонска песна, Македонците ги имаше насекаде.

На полувремето нашите момци губеа со 1:0, но на самиот старт од второто полувреме, при грешка на словенечката одбрана, Алиоски ја одзеде топката, а на неговиот центаршут одлично реагираше Барди и ја смести топката во голот на Облак.

Но предмет на сеир на социјалните мрежи во моментов не е водството на домаќинот, туку графиката на мечот.

„Северна игра против Македонија“, е сеирот, како алузија на кратенките на двете земји и новото име кое Македонија го прифати по преспанскиот договор со Грција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.