Фудбалерот на Победа Дарко Ангелески доби повик за младата репрезентација на Македонија до 19 години

16684169_1115334531910940_2016636616214441754_n

Еден од носителите на играта и најдобри фудбалери на кадетскиот тим на Победа Дарко Ангелески е повикан во репрезентацијата до 19 години. Во ФК Победа стигна допис дека генерацијата на фудбалери на Македонија У-19 (генерација родени 1999 год.) во среда на 22.02.2017 во 14 часот ке одигра контролен натпревар со генерацијата фудбалери на Македонија У-17.

Во У-19 репрезентацијата повикан е и членот на Победа Дарко Ангелески. Тоj е третиот млад фудбалер на Победа со повик во една национална селекција, откако изминатата година Лука Трајкоски и Марио Наумоски беа стандардни во селекцијата до 16 години.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.