Фудбалер и доктор во исто време: По четврти пат спасува живот на фудбалските терени! (ВИДЕО)

Мечот во чешкото првенство можеше да заврши трагично откако голманот на домашниот тим Мартин  Берковец „не стана од тревата“ откако се судри со соиграчот.

132935_cesi_f-640x376

Берковец во 28-та минута од играта доживеа јак судар со соиграчот Даниел Крчом а веднаш по ударот тој и се онесвести.

За среќа во близина се најде и напаѓачот Френси Коне кој на голманот му го извлече јазикот и го сврте на страна за да не дојде до негово гушење.

-Ова е четврти пат да се случи вакво нешто пред моите очи, сум помагал и порано на колегите кога играв во Тајланд и Африка, вели Коне.

Голманот му се заблагодари на фудбалерот што му го спасил животот.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.