“Фризерка од Алинци прилепско, директно во МЕПСО за 43.900 денари? Дојде живот”

За плата од 43.900,оо денари државната компанија МЕПСО, денес експресно вработила „Фризерка“ со завршен курс за фризер, дознава “ОхридСкај”.

Како што пишуваат од порталот се работи за 33 годишната Павлина Котеска од Прилеп, која Кирацовски најнапред ја имал вдомено во Агенцијата за катастар на недвижнини на РМ со договор на дело, но „чупето“ немала афинитет кон мала плата и мали овластувања, па сега ја вдомиле во МЕПСО, каде вероjатно за плата од 43.900,оо денари, ќе треба да му прави убави фризури на директорот Сашо Василевски – Кико.

Како што се дознава за неа ургирал и министертот за транспорт и врски.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.