УЕФА го извести француското обвинителство дека висок функционер во Црвена Ѕвезда се обидел да уплати 5 милиони евра на пораз на својот клуб од ПСЖ со 5 голови разлика, тврди “Лекип”.
Угледниот француски весник наведува неколку денови пред утакмицата која се одигра на “Паркот на принцовите” известен бил и претседателот на УЕФА Александар Чеферин.
Изворот на оваа информација не се наведува, но УЕФА тврди дека тој е “кредибилен”.
Наводно, член на управата на Ѕвезда преку сајтови за обложување се обидел да ја уплати оваа сума.