„Макрон кажа „не“, а на Балканот една влада веќе се распаѓа: Ако на Европа и требаше доказ дека се уште има политичко влијание во светот, во моментов може да го најде во Скопје“, помалку иронично коментира на почетокот на анализата германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг, пренесува Дојче веле.
-Откако францускиот претседател Емануел Макрон на самитот на Европската унија минатата недела го спречи почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, беа потребни само 48 часа за владата во С. Македонија да го најави својот брз крај.“
Авторот на анализата во најголем дел се занимава со иднината, и судбината, на Преспанскиот договор. Објаснувајќи дека етничките Македонци се уште со одбивност гледаат кон промената на името, ФАЦ пишува дека резултатите од предвремените избори можат да влијаат врз Договорот и односите со Грција.
Целиот текст прочитајте го ТУКА