Голем број на граѓани спонтано започнаа да се собираат пред ДИК откако комисијата преку правен преседан започна со реализација на сценариото за кражба на изборите од страна на СДСМ и БЕСА, кои со приговори во чисто албански средини сакаат да ја украдат волјата на мнозинството македонски гласачи.
Надвор од Изборниот закон, ДИК презеде улога и за прв пат побара вештачење, кое е истражна мерка што им стои на располагање на органите на истрагата, каков што не е ДИК.
Денешниот преседан на ДИК во пракса значи дека во иднина секој што излегол да гласа може да се потпише во Избирачкиот список различно од потписот во личната карта и тоа да стане основа за масовни оспорувања на Избирачкиот процес, кој ќе биде блокиран преку илјадници барања за вештачења. Споменатата жена Фатиме Сулејмани имала трага и на прстот и личната карта и фотографијата се поклопувале.
Извор: Инфомакс