Префинетоста, елеганцијата, хемијата меѓу идејата и остварувањето отсекогаш биле главни протагонисти во развојот на битолската култура. Токму тие придонеле за воздигнувањето на градот Битола како голем културен центар, како на Балканот, така и на европско тло.
Ризницата на овој град не само што плени со неповторливи дела од сферата на уметноста, музиката, театарот, туку плени и со делата на најголемите мајстори на фотографијата. Во редот на овие големи имиња, почнувајќи од Линара, браќата Манаки, Пинза и Папакоч се наоѓа и Иван Ќурчиевски, мајстор за црно – бела фотографија во помодерната битолска фотографска ера.
Прв е од својот род што развил љубов и желба кон овој вид на уметност, а подоцна истата му станува секојдневно хоби. Покрај неговата кариера како прочуен битолски електропроектант, нова кариера почнува да гради со своето хоби кон крајот на шеесеттите години на минатиот век.
Иван Ќурчиевски во своето фото – студио
Иван Ќурчиевски во своето фото – студио
Долгогодишната љубов кон фотографијата ја реализира со отворањето на неговото прво фото – студио „Фото Реал“,во 1967 година. Поради еминентните квалитет и понуда, Ќурчиевски го проширува својот бизнис и во Скопје, каде ја отвора експозитурата на „Фото Реал“ во близина на ГТЦ во 1980 година.
Иван Ќурчиевски во своето фото – студио
Долгогодишните искуство и труд на Ќурчиевски придонесе фотографијата да премине во традиција и заштитен симбол на фамилијата. Нивната уникатност не само што почива врз високата професионалност, искуство и посветеност, ами почива и врз генерациското наследување и учење.
Иван Ќурчиевски со своите синови,Зоран и Митко
Иван Ќурчиевски во своето фото – студио
Фотографските техники кои ги нуди ова фото – студио произлегуваат од самото негово име – „Реал“, што значи „реално, вистинско, без ретуширање“, или нешто што е оригинално и чисто, во кое доаѓа до спој меѓу традиционалното и модерното.
Денес, „Фото Реал“ е тука каде што е – исполнет сон и успешна бизнис идеја на голем човек, кои траат веќе 55 години и ќе продолжат да создаваат нови успешни приказни во новото студио, со софистициран изглед и опрема по највисоки стандарди, нудејќи огромен квалитет.
Преточете ги вашите спомени и важни моменти од животот во уметноста на фотографијата,што ја нуди студио „Фото Реал“. Препуштете ја вашата фантазија во нивните вредни раце и креативни идеи.
Забава по повод јубилејни 55 години постоење
„Многу фотографи мислат дека поседувањето подобра камера ќе им донесе подобра фотографија. Камерата нема да направи ништо за Вас ако немате идеја во својата глава и пасија во своето срце.“
„Фото Реал“ во своето ново руво
Текст: Магдалена Петровска