Фотографија која ја „загреа“ легендата за чудовиштето од Лох Нес

Фотографот-аматер Ијан Бремнер тврди дека шетајќи околу езерото ги фатил познатите „три грби“ на чудовиштето од Лох Нес.

foto5

Фотографијата на 58-годишниот Шкотланѓанец само го загреа сомнежот на Островот дека легендарното суштество навистина постои, наведува „Сан“.

Бренер, занимливата сцена ја фатил барајќи по Хајлендс едно друго животно – црвениот елен.

Ноќниот чувар од Ниг рече дека не сфатил веднаш каква слика направил, туку дури кога стигнал дома и го прегледал материјалот направен од тој ден, односно во саботата, од брегот меѓу селото Дорс и Инвергајг.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.