Фотографија од обезбедувањето на Првата дама на Турција: Шетаа вoopyжени по улиците на Белград, па така влегле во кафуле

За време на посетата на сопругата на турскиот претседател Емине Ердоган во турската амбасада во Белград, близу едно кафуле, дошло до недоразбирање со обезбедувањето на Првата дама на Турција и келнерите во локалното кафуле.

Според неофицијални информации обезбедувањето на Емине сакало да влезе во обиколка на кафулето за да провери дали е безбедно, но келнерите им забраниле бидејќи биле вoopyжени.

Според очевидци, набрзо настанала расправија помеѓу обезбедувањето и келнерите и гостите кои биле таму.

Откако е исконтактирана и српската полициja, еден од гостите и еден келнер биле приведени, но за кратко време ослободени по разговор и легитимирање.

Целата приказна ја потврди и фотографија која беше објавена на Твитер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.