Фотографија од Битола која најдобро покажува колку ѕвepcка болecт е Koвид-19

Фејсбук статус на Проф. д-р Дејан Трајковски од Битола

“Оваа фотографија нагледно ни прикажува колку ѕверска болест е ковид-19. Лево на сликата е прикажана старата цистерна за 2-3 тони течен кислород, која во нормални времиња ги задоволува потребите на сите болни во битолската болница во текот на 14 дена.

Всушност, потрошувачката не е ни толкава, затоа што течниот кислород секако постепено, како што се загрева, испарува и се губи.

На сликата десно, она што личи на огромен силос за жито (или на ракетата СпејсИкс на Илон Маск) е новата цистерна со капацитет од околу 15 тона течен кислород. На врвот на хоспитализациите на почетокот од месецот, лежечките 140-150 ковид болни имале потреба од 3 тони (!) кислород на ден – повеќе од целиот капацитет на малата цистерна, во нормални услови доволни за 15 дена на болните од сите одделенија.

Толку лоша болест е ковидот, кога белите дробови повеќе не можат да го снабдуваат организмот со кислород и зависат од надворешен кислород!

Инаку, течниот кислород (LOX) на нормален атмосферски притисок испарува на -184 степени Целзиусови, во сооднос 1:869 меѓу течна и гасовита фаза.

Лево од резервоарот (којшто е многу добро топлински изолиран и обоен со бела боја, заради намалувањето на апсорпцијата на сончевото зрачење) се наоѓа испарувачот, каде течниот кислород прима топлина од надворешната средина и испарува (практично врие) до гасовита состојба.

Долу се гледа мразот од ниската температура на испарување. Преку систем на цевки кислородот потоа се разведува до маските на болните, каде тој ја прави разликата помеѓу животот и смртта”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.