Фотографиите на Каролина Мицевска на изложба во Демир Хисар

14237767_10209527044705517_8324073262071728312_n

Дваесетина фотографии од циклусот „МОМЕНТ“ на впечатоци 2″ од новинарот Каролина Мицевска е содржината на изложбата во Демир Хисар за финалето на демирхисарското културно лето. Жителите на овој град се запознаа со дел од возбудувачките моменти на турите низ Македонија, од повеќе европски земји, со посебен акцент на Русија.

Изложбата ја отвори градоначалникто Љупчо Блажевски, при што потенцираше дека предизвикуваат восхит и полн погодок за епилог на културното лето.

micevska_so_fotografiite_pred_demirhisarcani

Мицевска работи во ЦК ,,Марко Цепенков,,. Имала изложби во Прилеп, Гевгелија, Радовиш, Крушево, Неготино, Велес, Илинден, Скопје, а со новиот циклус ,,Убавините на Македонија,, се претстави како единствен изложувач во Москва, Русија.

Извор: Неделник Зенит




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.