(ФОТО+ВИДЕО) ЏИНОВСКА ЛЕТЕЧКА ЧИНИЈА: Европа се обидува да го сочува бисерот на архитектурата и историјата од која Балканот се откажа

Бузлуџа е “летечка чинија” која се наоѓа на врвот од Стара планина во Бугарија, а се работи за бетонски споменик подигнат пред 40 години.

Необичниот објект веќе две децении е оставен да се распаѓа, бидејќи Бугарија настојува да го заборави своето комунистичко минато. Меѓутоа, архитекти од западните земји сакаат да го зачуваат овој објект.

Скулптурата висока 70 метри е направена од 70.000 тони бетон, 3.000 тони армиран челик, 40 тони стакло и изгледа како да лебди на 1.440 метри надморска висина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.