Диана Морич, атрактивната девојка од Нови Сад е вистинска интернет ѕвезда. Диана има повеќе од 80.000 следбеници.
Диана Морич (28) е српски фитнес модел и фитнес инструктор, но пред да влезе во фитнес водите, Диана била и државна шампионка во борење и џудо. Исто така таа била и светска шампионка во самбо (руска вештина за самоодбрана). По повредата на коленото пред година дена, таа престанала со џудото и се одлучила за фитнес.
Оваа година ја претставувала Србија во Бејрут за извор на Топ модел. Покрај неверојатниот изглед и тоа што е неверојатна спортистка, Диана ги советува младите девојки за тренирање и правилна исхрана.